Плановите на македонските навивачи кои планираат да ја бодрат Македонија на деби настапот на Европското првенство во воведните две кола во Букурешт дополнително се искомпликуваа.

Ова доаѓа по најавата на премиерот на Романија, Флорин Читу дека шанса да следат натпревар во живо на „Националната Арена“ во Букурешт ќе добијат само навивачите кои поседуваат сертификат за успешно помината вакцинација од Ковид-19.

Кога на ова ќе се додаде дека за влез во Романија ќе треба да се покаже и негативен ПЦР тест, а престојот во Романија не смее да биде подолг од 48 часа, јасно е дека присуството на натпреварите на ЕП за нашата публика станува тешка мисија.

Македонија на ЕП во Букурешт на 13 јуни ќе игра против Австрија а на 17 јуни против Украина.