Голема дебата се развива во моментов во фудбалска Европа, особено во Италија, дали да се тренира или не, докторите препорачуваат комплетно запирање на сите спортски активности.

Во Италија на големо се дискутира на оваа тема, две спротиставени страни, едни се за продолжување на тренажниот процес, докторите препорачуваат да запрат сите активности.

Доколку се применат препораките на докторите во Италија фудбалот практично ќе запре во секоја своја смисла, професионализмот не трпи долги паузи, ова што се случува во моментов во Италија може да значи „смрт“ за фудбалот.

„Со оглед на брзината со која се шири вирусот Ковид-19 меѓу фудбалерите препорачуваме комплтен прекин на тренажниот процес, ова мора да се применува се додека не се најде конечно решение“ – стои во објавата на здружението на спортските доктори во Италија.

На ваквата препорака најжестоко реагираше сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито кој смета дека тоа би значело „смрт“ за фудбалот во Италија.