Поранешниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо наскоро може да му се врати на фудбалот откако добил понуда за работа во Нант.

Гатузо побарал неколку дена за да размисли за понудата која ја добил од раководството на прволигашот од Фрацнија. Нант е без тренер по сензационалната и неочекувана оставка на 67 годишниот Халихоџиќ по контролниот меч со Џенова.

Нант новата сезона во Лига 1 ќе ја започне со дуел на гостински терен кај Лил, мечот ќе се игра на 11 август.