Поради дивеењето на навивачите, хрватскиот клуб Хајдук од Сплит би можел да биде исфрлен од Европа, јавуваат хрватските медиуми.

По поразот од екипата од Малта, навивачите се втурнале кон играчите и управата.

Европската куќа на фудбалот повеќе пати го казнувала Хајдук поради навивачите, а се очекува и овој пат УЕФА да биде остра, па според пишувањата на „Слободна Далмација“, реално е да се очекува финансиска казна и отстранување на Хајдук од Европа.