Џенаро Гатузо не ја оправда довербата и ги работи своите последни месеци како тренер на Наполи.

Според информациите на Football-italia.net, раководството на Наполи донесе решение да не го продолжува договорот со Гатузо, кој истекува на крајот од сезоната.

Уште полошо, ако продолжат лошите резултати, можно е тој и да не ја доработи сезоната.

Чашата на трпението ја прели домашниот пораз против екипата на Лече, после кој Наполи заглави на 11. место на табелата во Серија „А“.