Капитенот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси би можел да биде драстично казнет порадиобвинување и критикување на раководството на КОНМЕБОЛ, пишува „АС“.

Доколку добие најстрога казна за непримерните коментари, Меси во наредните две години не би можел да настапува за Аргентина на официјалните натпревари.

Тоа би значело дека аргентинската фудбалска репрезентација ќе биде без најдобриот играч во квалификационите натпревари за пласман на СП 2022 во Катар, но и за натпреварите на Копа Америка 2020 кое ќе се одржува во Аргентина и Колумбија.