Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола решил дека нема да го продолжува договорот со Манчестер Сити, по истекот во јуни 2023 година, пренесуваат дел од островските медиуми.

Гвардиола неодамна изјави дека фудбалот се менува со рапидна брзина и се повеќе е чист бизнис отколку спорт.

Шпанецот има најавил на челниците на Манчестер Сити дека во 2023 година планира да продолжи со работа во САД, поточно во МЛС лигата.

Неофицијално, Гвардиола се поврзува со ангажман во Интер Мајами.