Македонија во март го пречекува Косово во полуфиналето од Лигата на Нации на УЕФА, натпреварување преку кое бараме можност за пласман на Европското првенство во 2020 година.

УЕФА денеска со ждрепка ќе го одреди домаќниот на финалниот меч во Лигата Д, доколку Македонија го победи во Скопје составот на Косово, потоа ќе игра со подбориот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија.

Каде ќе се игра евентуалното наше финале ќе се знае денеска по ждрепката која ќе се одржи на пладне во Нион.