Милан освои вреден бод на тешкиот натпревар на гости против Јувентус, кој игра толку лошо оваа сезона што моментално се наоѓа на 18 -то место во Серија А.

Во прилог на тој факт, уште полошо за навивачите на „Старата дама“ звучи оној кој вели дека ова е прв пат по 60 години Јувентус да не забележи победа во првите четири кола во Серија А!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри  призна дека направил грешка при промена на играчите на дербито против Милан, но ги критикуваше и своите играчи.

„И покрај доброто прво полувреме, кога создадовме шанси и му дозволивме на Милан само една шанса, на крајот ризикувавме да загубиме натпревар кој беше целосно под наша контрола. За жал, изгубивме концентрација, решителност и фокус. Очигледно е дека допрва треба да напредуваме, изјави Алегри за ДАЗН.