Како што пренесува каталонското радио РАЦ-1, Барселона побарала од играчите да остане во сила исплатата со намалени плати на 70% и во следниот период на што добила негативен одговор.

Финансиската криза бара дополнителни кратења, менаџерскиот тим на Барселона гледа излез во намалените плати на играчите за 70%, тие сакаат овој договор да важи до крајот на сезоната, првично беше договорено скратените плати да се исплаќаат до рестартот на сезоната.

Претседателот на Барселона, Хозеп Марија Бартомеу и еден од потпреседателите, Оскар Грау ги посетиле играчите во тренинг центарот и разговарале на оваа тема но добиле негативен одговор.

Според радиото РАЦ-1 од Каталонија, расте незадоволството кај играчите на Барселона по ова барње, и можно е да има бунт во клубот доколку раководството остане на ставот за скратени плати.