Легендатата на Холандија и на Баерн Минхен, Арјен Робен размислува да му се врати на играњето фудбал по два месеци минати во пензија.

Робен неодамна изјави дека може лесно да се случи за неколку недели повторно да му се појави чуството на недостиг на адреналин кој му го носел фудбалот и поради ова да ја прекине пензијата.

Крилниот напаѓач поради низа повреди одлучи на 35 години да стави крај на кариерата но доколку реши да се врати во игра сигурно ќе има многу заинтересирани за неговите услуги.

Рибери по преселбата во Фиорентина го повика Робен да ми се приклучи но засега нема одоговор на оваа молба од Французинот.