На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше донесен календарот за натпреварувачката сезона 2019/2020/

28-та сезона на ПМФЛ ќе започне на 11 август, а првата рунда од Купот на Македонија ќе се одигра на 21 август. Двете втори лиги ќе започнат со натпревари на 24 август.

Од средината на декември оваа година до крајот на февруари 2020 година ќе следи зимската пауза во двете натпреварувања. Наскоро ќе биде обелоденет терминот за календарот на натпреварувањата.

Титулата во елитата ќе ја брани Шкендија, а нови прволигаши се Струга Трим Љум и Борец.Во рамки на промовирањето на ЕУРО 2020, а по препорака на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија ја поддржа промотивната кампања за Европското првенство 2020 преку „Pro evolution soccer 2020“ – новата видео игра на Konami, каде ќе биде вклучена и најдобрата македонска репрезентација.