Вардар има нов проблем покрај постоечкиот, Арбитражниот суд  во Лозана пресуди во корист на литванскиот клуб Тракаи во врска со случајот со Максим Максимов.

Тракаи обвини дека Вардар нелегално го превзел Максимов, судот во Лозана сега досуди во нивна корист.

Прашање е колку  Вардар ќе има дополнителни финансиски обврски по оваа пресуда, претходно од ФИФА е парично казнет и доби  забрана за трансфери два преодни рока.

Максимов во Вардар дојде пред три години, имаше епизoдна улога во составот на црвено-црните, на скопскиот клуб му донесе повеќе проблеми отколку корист.