Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во финалето на Ролан Гарос во Париз, совладувајќи го Рафаел Надал во четири сета и по четири часа одлична борба со 3:6, 6:3, 7:6 (4 ), 6:2.

Ѓоковиќ во финалето во недела ќе игра против грчкиот тенисер Стефанос Циципас.

Србинот му го нанесе само третиот пораз од 2005 година на 13-кратниот победник Надал на Ролан Гарос, а се остварија предвидувањата дека Ѓоковиќ би можел да го совлада Надал во полуфиналето многу полесно отколку во финалето на овој турнир.

‘’Ја имав сет топката на 6: 5 во третиот сет, но сè се смени во тој момент. Двојна грешка, лесен поен на мрежата во тај-брејкот, имаше луди поени, може да се случат такви грешки, но ако сакате да победите, не смеете да го дозволите тоа “, рече Надал и му се поклони на ривалот:

„Новак, секоја чест, водевме голема битка, го дадов својот максимум, но немав шанса. Тој секогаш играше важни поени добро. Во еден момент немав среќа и тоа уште повеќе го забрза мојот пораз “.