Шпанецот Рафаел Надал стана само четвртиот тенисер во Опен ерата, кој стигнал до бројката од 1.000 победи во кариерата, придружувајќи им се на Американецот Џими Конорс, Швајцарецот Роџер Федерер и Чехот Иван Лендл.

Надал јубилејната 1.000-та победа ја оствари совладувајќи го својот сонародник Фелисиано Лопез со 2-1 во сетови во рамки на 2 коло на АТП турнирот во Париз.

Толкав број на победи значат дека сум стар“, изјави синоќа со насмевка на лицето 34-годишниот Шпанец.

 

„„Да се постигнат толку многу победи значи дека играм добро веќе долг низ на години и тоа е нешто што ме прави среќен“, додаде Надал.

Својата прва победа во кариерата, Надал ја оствари во 2002 година против Рамон Делгадо  во Мајорка.