Управата на Интер се соочува со серизоен проблем откао Наиголан уште еднаш јавно потврди дека не размислува да го напушта Калјари и покрај тоа што е позајмен до крајот на сезоната во екипата која го промовираше во одличен играч во 2014 година.

„Тоа што можам да ги носам моите ќерки во училиште секој ден е една од најубавите работи кои ме прават среќен. Патувањето од Калјари до тренинг центарот Асеминело е една од најубавите рути кои ги поминувам секојдневно. Тука се е прекрасно, едноставно а луѓето на Сардинија се гостопримливи и срдечни.“ – изјави Наиголан

Неофицијално, Интер сака да го продаде Наиголан во летниот преоден рок но Калјари не е клуб кој може да си дозволи 30 милиони евра за еден играч.

Оваа цена може да биде проблем но исто така и желбата на Наиголан да остане во Калјари може да ги смени плановите на управата на Интер.