УЕФА нема да им прости, трите клуба кои сè уште стојат зад идејата за Суперлигата се соочуваат со драконска казна, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, ќе бидат строго санкционирани, пишуваат медиумите од Шпанија.

Се очекува УЕФА кон крајот на месецов да ги соопшти санкциите за трите клуба, те се соочуваат со двегодишна суспензија од сите натпреварувања кои ги организира „Европската куќа на фудбалот“, тоа значи дека Реал, Барселона и Јувентус нема да играат во Европа лигата и Лигата на шампионите до 2023 година.

Суперлигата „живееше“ многу кратко, УЕФА успеа да го запре формирањето, сега клубовите се жалат за притисок, 9 клуба добија симболични санкции, додека гореспоменатите три се соочуваат со жестока казна.

Реал, Јувентус и Барселона можат да се надеваат дека ќе ги избегнат казните, само доколку Џани Инфантино од ФИФА успее да ја убеди УЕФА да не носи санкции од ваков вид, суспензија е непромислен чекор, изјави првиот човек на светската куќа на фудбалот.