Елиф Елмас утре ќе го потпише петгодишниот договор со Наполи откако ќе ги мине лекарските прегледи со што трансферот од Фенербахче и официјално ќе биде комплетиран. Елмас вечерва пристигна во Италија потврди „Калчонаполи24“.

Наполи и Фенербахче денеска и официјално постигнаа договор околу трансфер оштетата која ќе изнесува 16 милиони евра со 2 милиони евра во бонуси.

Предходно од Фенербахче му се заблагодарија за се што направи за нивниот тим и му посакаа среќа во новата средина.