Клијан Мбпае е најбараниот млад фудбалер на трансфер пазарот, Французинот призна дека двајца играчи во негиовит живот биле пример како треба да се работи, на теренот но и надвор од него.

Напѓачот на на ПСЖ смета дека Зинедин Зидан и Кристијано Роноладо се двајцата играчи од кои црпи инсипрација , тие с епример како треба да се работи во кариерата.

„Прво беше Зидан, сега е ЦР7, Роналдо секаде каде играше освојуваше трофеи, тој е моја инспирација и пример како треба и што треба да с еправи во кариерата“ – изјави Мбапе.

Французинот е желба на Реал Мадрид, клубот од Шпанија преговара за Мбапе но се чини дека тој и следната сезона ќе остане во составот на ПСЖ.