Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец е стане новиот сопственик на францускиот прволигаш Ница.

Ретклиф добил дозвола од францускиот секретаријат за монопол и трговија, да го комплетира купувањето на клубот. Сопственикот на хемискиот гигант Инес, ќе ја превземе Ница за 100.000.000 евра.

Банкарската трансакција би требала да биде завршена до крајот на неделата, па Ретклиф веќе во среда во локалното дерби со Олимпико од Марсеј ќе седи во сопствената ложа во Ница.

Неговото богатство се проценува на околу 21 милијарда евра. Пред неколку месеци се обиде да го купи и Челси, а никогаш не криел дека е навивач на Манчестер Јунајтед.