Спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде тврди дека Федерико Киеса ќе остане во клубот.  Крилниот напаѓач изминатиот период се поврзуваше со трансфер во друг тим, но по разговорот со претседателот Роко Комисо и тренерот Јакини, италјанецот ќе остане на „Артемио Франки“.

Спортскиот директор Праде откри дека старлетата е убедена во амбицијата во клубот и тврди дека нивните инвестиции во јануари го докажале тоа.

„Благодарение на Комесо и Јакини, Киеса не размислува да не напушти. Тој виде декоа овој клуб има големи амбиции и во фаза сме на правење конкуретен тим. Не се сомневам дека во индина резултатите ќе бидат далеку подобри“-изјави Праде.

Фиорентина во зимскиот преоден рок го доведе Патрик Кутроне од Вулверхемтон, како и Алфред Данкан од Сасуоло, Кристијан Куаме од Џенов и Игор од СПАЛ.