Еден од најдобрите фудбалери во последните години на калчолигашот Наполи најави дека по завршувањето на оваа сезона може да го напушти Неапол. Белгиецот е еден од фудбалерите кои ги одбележаа последните години во Серија А, иако не успеа да ја освои титулата во Италија.

Белгискиот офанзивец на „Сан Паоло“ е од 2013 година, а ова лето му истекува договорт.

„Се уште не знам каде ќе биде мојата иднина. Мојата цел сега е да имам добра сезона со Наполи. Потоа ќе видиме како ќе течат работите. Има уште време до крајот на сезоната. Овде во Наполи имам уште седум месеци од мојот договор. Не знам каде ќе играм следнаат сезона. На крајот на годината ќе проценам дали да го продолжам договорот со „аѕурите“ или не, ама сè уште е рано. Не сум во позиција ништо да отфрлам“, -вели Мертенс.

Евентуалното заминување на Мертенс може да отвори повеќе простор за Елиф Елмас, кој знае и да игра по крилните позиции.