24 годишниот Милот Рашица, ги напушта редовите на Вердер Бремен и заминува во Премиер лигата. Косовскиот репрезентативец е нов играч на Норич.

Рашица со Канаринците, кои годинава се враќаат во Премиер лигата, потпиша договор на четири години, откако претходно три и пол сезони мина во Бремен.

„Отсекогаш ми беше сон да играм во Премиер лигата и среќен сум што Норич ми ја даде таа можност. Зборував со тренерот, јасо ми кажа што очекува од мене“– изјави Рашица на презентацијата.

Рашица во сезоната 2019/20 постигна 12 голови за Вердер, а сезонава која е зад нас ја мина со гол помалку, иако во првите 10 меча седум пати ја тресеше мрежата.