УЕФА ги одреди номинациите за најуспешните изминатата сезона во Лигата на шампионите, за прв  пат во последните 9 години ги нема Меси и Роналдо меѓу номинираните за награда.

Од вкупо 12 играчи кои се номиниарани за најдобар голман, дефанзивец, играч од средниот ред и напаѓачи, дури девет имиња се од шампионот Баерн Минхен.

Во конкуренцијата за најдобар голман се номинирани, Мануел Ноер од Баерн Минхен, Кејлор Навас од ПСЖ и Јан Облак од Атлетико Мадрид.

За најдобар дефанзивец конкурираат,  три играчи од Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, Џошуа Кимих и Давид Алаба.

Тијаго Алкантара и Томас Милер од Баерн Минхен и Кевин Де Брујне од Манчестер Сити се во конкуренција за најдобар играч во средниот ред.

За најдобар напаѓач во трка за наградата се Роберт Левандовски, Килијан Мбапе и Нејмар.