Во Италија станува извесно дека Јувентус ќе ја одбрани титулата, но има клуб кој сезонава блеска и е во неверојатна серија на натпревари без пораз во кои запиша 90 % успешност.

Аталанта на последните 14 средби има неверојатни 13 победи, само една нерешена, последен пат е поразена во сите конкуренции во јануари од Спал !

На овие 14 натпревари без пораз со 13 победи, клубот од Бергамо е неверојатно ефикасен, има запишано 49 голови.

Бергамашите се најефикасната екипа во калчото сезонава со 85 постигнати голови, Јувентус кој е лидер има 20 помалку сезонава од екипата на Аталанта.

Аталанта и покрај кризата руши позитивни финансиски рекорди во клупската историја, следната сезона со сигурност ќе игра во Лигата на шампионите,  а оваа веќе е во завршницата на елитното натпреварување на УЕФА.