Неделното дерби помеѓу Шкендија и Шкупи 1-1 влезе во историјата на македонскиот прволигашки фудбал, откако Дашмир Елези го урна рекордот на најмлад стрелец во ПМФЛ.

Елези во својот дебитантски настап во прволигашкото душтво со 16 години и еден ден го постигна водечкиот гол на мечот за водство на Шкендија со што стана најлад стрелец во историјата на ПМФЛ.

Во изјава за официјалниот сајт на Шкендија, тинејџерот истакна дека се чувствува неизмерно среќен.

Ова е остваруање на мојот сон. Немам зборови со кои би го опишал чувството. Конечно дебитирав за првиот тим и постигнав. Нестпрливо чекав заиграм за првиот тим на официјален меч. Досега сум играл пријателски натпревари, но ова беше посебен момент за мене. Ова достигнување не е само мое лично, туку и на сите кои веруваа и работеа со мене, како и на моите соиграчи“, изјави Елези, кој воедно е и македонски младински репрезентативец.