Актуелниот првак во Англија, Манчестер Сити вечерва пред своите навивачи ќе го дочека Вест Хем во натпревар од 26 коло.

Оние десет победи во низа на „Граѓаните“ против „Чеканите“ во сите конкуренции вечерва не значат ништо. Првакот е раздрман откако УЕФА ја објави казната (две години без настапи во Европа и 30 милиони евра). Гвардиола побара од играчите и останатите вработени две седмици да не им излегуваат во пресрет на медиумите (нема изјави, брифинзи).

Пеп Гвардиола е единствениот кој јавно проговори за систуацијата во тимот и се надева на позитивна реакција без разлика на епилогот од жалбата на клубот, казната да биде намалена или укината.

Манчестер Сити  во минатото коло во Премиер лигата загуби од Тотенхем, во меѓувреме Лестер во рамките на ова 26 коло ремизираше со Вулвс па „Граѓаните“ останаа на второто место.

Додека дел од медиумите во Шпанија и во Италија сугерираат дека Гвардиола ова лето ќе замине од Манчестер, островјани тврдат дека нема да има промени на кормилот на актуелниот првак во Премиер лигата.