Македонскиот клуб Вардар кој инаку сезонава за прв пат во својата историја игра во Втората лига му врачи отказ на тренерот Горан Симов по серијата лоши резултати, која инаку кулминираше со поразот во саботата на постувањети кај Велешта со 2:1.

Вардар под очекувањата ја почна сезоната во која единствена цел на клубот е враќање во Првата македонската фудбалска лига и по четири кола е седмопласиран во Втората лига – Запад со само една победа, едно реми и два порази.

Денеска ФК Вардар излезе со официјално соопштение во кое му се заблагодари на Горан Симов за досегашната соработка.

Соопштение на клубот:

Фудбалскиот клуб Вардар и г-дин Горан Симов договорија прекин на соработката. Клубот се заблагодарува на Симов за досегашната соработка, на резултатите кои ги оствари како тренер на Вардар, и му посакува среќа во понатамошниот тек на неговата кариера.

Функцијата в.д шеф на стручен штаб ќе ја извршува досегашниот помошник Никола Глигоров