Британскиот премиер Борис Џонсон и понуди на УЕФА, неговата земја да организира повеќе натпревари од она што беше првобитно планирано на Европското првенство.

Европското првенство требаше да се одржи минатото лето во 12 градови, е одложено за ова лето поради пандемијата од ковид 19.

Планирано е двата полуфинални натпревари и оној финалниот, да се одиграат на Вембли во Лондон, но мерките ширум светот со цел сузбивање на пандемијата од коронавирус и понатаму се на сила, што влијае и на патувањата.

Во изјава за Сан, Џонсон кажа дека Велика Британија е подготвена да организира натпревари, а како причина за оптимизам ја наведе масовната вакцинација.

Како што пренесува Скај, британската Владата ја поддржала и заедничката кандидатура на Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Ирска да бидат домаќини на Светското првенство во 2030 година.

Џонсон кажал дека е „вистинско време фудбалот да се врати дома“. Во тек е изработка на студиите за одржување на првенството, а следната година ќе започне официјалниот процес за кандидатурата.

Фудбалскиот сојуз на Англија го поздрави владиниото ветување од 2,8 милиони фунти, за потенцијална кандидатура за Светското првенство 2030 година.

Светското првенсвтво во 2022 година ќе се одржи во Катар, а четири години подоцна домаќини на Мундијалот ќе бидат САД, Канада и Мексико.