Навивачите на Милан веќе еден месец ги критикуваат челниците на „Росонерите“, а тој тренд не престанува, туку напротив тие вечерва на мечот против Лече најавија дека ќе излезат со нови транспаренти за одговорните во клубот.

Главни на удар се легендите на Милан, Звонимир Бобан и Паоло Малдини, кои се дел од раководството на Италјанскиот гигант.

Милан по 7.кола во Серија А има дури четири порази, а вечерва своето деби на клупата ќе го има Стефано Пиоли, кој исто така не им е по вкус на фановите на „Росонерите“, поради што Пиоли никогаш не криел дека има симпатии кон Интер.