Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Луис Нани, изјави дека Кристијано Роналдо научил многу од него од времето кога беа соиграчи во Англискиот гигант.

Нани Нани го избра најдобриот тим од пет играчи, а покрај  Роналдо во тимот се и Давид Де Хеа, Пол Сколс, Деко и Бруно Алвеш.

„Деко, еден од моите идоли. Научив многу од него, а неговата техника е неверојатна. Бруно Алвеш, е ѕвер во одбраната ,а притоа е многу технички поткован за дефанзивец.  Кристијано Роналдо, сите негови вештини со топка ги научи од мене. Може слободно да го прашате“-изјави Нани.