Хирвинг Лозано летово се поврзуваше со преселба во Атлетико Мадрид, а во моментов се бори за место во Наполи под водство на Џенаро Гатузо.

Мексиканскиот интернационалец има одиграно 16 натпревари годинава на кои постигна два гола во Серија А, по неговиот трансфер од ПСВ Ајнховен.

Лозано беше стандарден под поранешниот тренер Карло Анчелоти, но таквиот статус веќе го нема кај Гатузо. Поради ова „Кориере дело Спорт“ пишува дека тој веќе следниот преоден рок ќе го напушти Неапол и ќе се пресели во Атлетико Мадрид.

Диего Симеоне на лето сака да се ослободи од Лемар и Витоло, а Лозано би требало да го пополни нивното место на „Ванда Метрополитано“.