Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, синоќа одигра одличен меч против Барселона на кој го постигна единствениот гол за домаќините во ремито од 1-1 против „каталонците“.

Белгиецот кон средината на второто полувреме заработи повреда на глуждот, и ќе биде надвор од фудбалските терени наредните 10.дена.

Белгискиот интернационалец со голот синоќа го  изедначи рекордот на  Марек Хамшик како водечки стрелец на сите времиња на тимот од Неапол во Лигата на шампиони.

Повредата на Мертенс значи дека ќе го пропушти престојниот меч против Торино во Серија А, но се очекува да биде подготвен за реванш дуелот на „Камп Ноу“.