Ангажманот на Лука Јовиќ и останувањето на Герет Бејл во Реал Мадрид го ставија во трет план Мариано Диаз.

Напаѓачот не доби вистанска шанса во првиот тим на Реал Мадрид во минатата сезона а до крајот на ова лето постои реална можност да го напушти „кралскот“ клуб, пренесува Марка.

Монако бара замена за повредениот Силва и за неконстантниот Фалкао а Диаз веќе има искуство во Лига 1 и поради ова тој е прв избор.

Понудата се состои од позајмица на една година со можност за целосен откуп на договорот. Дали на ова ќе се согласи Зидан, ќе покажат следните две седмици, прогнозира шпанскиот медиум.