Реал Мадрид потврди дека има еден заразен со Ковид-19 во првиот тим. Станува збор за Мариоано Диаз кој се вратил во тренинг кампот по неколку дена на одмор.

Тестирани се сите играчи, иако Марионо немал контакт со ниту еден од ссотавот на Зидан. Напаѓачот ќе остане дома во карантин и ќе ги следи сите протоколи за заштита.

Во меѓувреме, останатите фудбалери на Реал Мадрид ќе продолжат со подготовките за дуелот со Сити од Лигата на шампионите, закажан за 7 август.