Медиумите од Италија сугерираат дека Наполи ќе потпише договор со Елиф Елмас штом го продаде Хрватот Марко Рог.

Се додека Рог е дел од Наполи, овој клуб нема да може да  го донесе „дијамантот“ од Македонија, причина се финансиите.

За Марко Рог кој има 23 години и  има договор  со Напoли до 2021 година, има неколку заинтересирани клубови, пред се од Бундеслигата, најблиску до потпис е Ајнтрахт Франкфурт со кого тимот од Неапол е во завршни преговори за скоро 20 милиони евра.

Оваа сума на пари е потребна за потпис од Елиф Елмас и Фенербахче кој не попушта засега,  Наполи понуди 15 милиони ибонуси но клубот од Турција засега нема интерес да прифати ваква понуда тврдат медиумие од „чизмата“.