Елиф Елмас ги импресионираше игралијански новинари и фудбалски критичари со прикажаното на дуелот со Олимпик Марсеј. Нашиот репрезентативец се најде на повеќе насловни страници во спортските весници во Италија.

Анчелоти и Наполи воедно се пресреќни од тоа што го покажува Елмас на почетокот од кариерата во новиот клуб а неговиот агент потврди дека Карло Анчелоти бил клучен фактор за изборот на плејмејкерот.

„Тој е модерен играч, има одлични физички но и технички квалитети и може да игра на повеќе позиции. Елиф е среќен со сите сугестии што ги добива од Анчелоти. Тотенхем и Ливерпул и уште неколку клубови од Шпанија меѓу кои и Реал Мадрид беа во игра за неговиот потпис но Наполи беше решен да го добие.Елмас го одбра Наполи затоа што има тренер кој верува во него.“ – изјави агентот на Елмас, Георге Ганди за Радио Кис Кис.