Наполи го прегази Ливерпул во Единбург со убедливи 3-0, средба од пријателски карактер. Елиф Елмас не отпатува на овој меч и не беше во комбинација.

Карло Анчелоти одлучи дека на Елмас му е потребно време за да го достигне кондициското ниво кое е потребно за да може да биде дел од тимот.

Головите на за Наполи ги постигнаа Инсиње, Милик и Јунес.