Еден од најдобрите фудбалери на Наполи и капитено на клубот, Лоренцо Инсиње, е во преговори со тимот од Неапол за продолжување на договорот.

Според, „Скај Спорт Италија“, Инсиње се раздели од својот агент Мино Рајола, пред се поради несогалусвањата околу иднината во неговата кариера. Раиола имаше план да го продаде Инсиње, додека Италјанецот има желба да остане на „Сан Паоло“.

Претходно, Наполи е блисску до потпишување на нови договори со Дрис Мертенс и Пјотр Зелински. Тој ќе наполни 29 години следниот месец, а неговиот сегашен договор истекува во јуни 2022 година.