Со натпреварите меѓу Парма и Јувентус  од 18 часот и Фиорентина – Наполи од 20-45 часот, започнува новата сезона во калчо лигата.

Елмас и Наполи вечерва ќе гостуваат кај Фиорентина во Фиренца што е еден од најинтересните мечеви во првото коло, сепак македонскиот „дијамант“ не е најавен во стартниот состав на тимот од Неапол.

Елмас играше одлично на подготовките за Наполи по доаѓањето од Фенербахче, беше стартер против Барселона на турнеата во САД но на премиерниот меч сезонава чека шанса од клупата, барем според „GazzettadelloSport“.