Наполи многу веројатно е петтиот клуб кој веќе од понеделник ќе им се врати на тренинзите, по паузата од пандемијата на Коронавирусот.

Ова значи дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, за само два дена ќе му се врати на професионалните обврски. Ваквата одлука ја потврди претседателот на областа Кампанија, Винченцо Де Лука. Овој дел од Италија е еден оние региони кои беа со најмалку заразени од КОВИД-19 и во изминатите два месеци имаа само 354.смртни случаи. изјави дека е „за“ со плановите на клубот.

Раководството на  Наполи даде предлог во текот на денот да има по три тренинзи, што гарантира растојание помеѓу фудбалерите, индивидуални тушеви и ќе бидат овозможени два теста неделно за секој вработен во клубот.

„ Разговарав со претседателот на Наполи за продолжување со тренинзите. Неговиот предлог е разумен и јас се согласувам дека има услови за такво нешто“- изјави Де Лука.