Спортскиот директор на Наполи, Кристијано Гиунтоли е во Мадрид каде работи на комплетирање на транферот на Хамес Родригез.

„Кралевите“ за офанзивецот бара 42 милиони евра но од Наполи посакуваат да го доведат на едногодишна позајмица со можност за откупување на договорот во целост.

Хамес во моментов е на одмор по настапот со Колумбија на Копа Америка. Неофицијално евентуалната преселба во Италија би се случила до крајот на овој месец.