Како што тврди „Sky Sport“ , Наполи и Рома договориле два трансфери вредни 52 милиони евра, ќе разменат по еден играч  пред почетокот на сезоната.

Според оваа информација, грчкиот штопер, Костас Манолас од Рома  се сели кај Наполи за 34 милиони евра, во обратен правец оди играчот од средниот ред од тимот од Неапол, Амаду Диавара за 18 милиони евра.