Екипата на Наполи, им понуди на Рома 25.милиони плус бонуси за крилниот напаѓач, Ценгиз Ундер.

Новинарот Николо Шира тврди дека Де Лаурентис ќе се обиде да го доведе Турчинот, кој има се помала минутажа кај тренерот на Рома, Пауло Фонсека.

Според, Шира 22-годишниот фудбалер има понуда од Наполи од 3.5 милиони евра годишна плата, но засега римјани бараат повеќе пари за младиот фудбалер. Тој на „Олимпико“ пристигна од Истанбуч Басакшехир во 2017.година за сума од 15.милиони евра.