Веќе е познато дека дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во ПСЖ, познато е и тоа што фудбалерот веќе си купи и стан во Париз по цена од дури 4 милиони евра.

Но, еве сега стана познато и колку Наполи ќе бара за својот фудбалер. Имено, според информацијата на новинарот Николо Скира, ПСЖ за Кулибали ќе треба да издвои меѓу 100 и 110 милиони евра.

Инаку, стиот извор информира дека спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, веќе преговара со агентот на Сенегалецот.

ПСЖ во Кулибали ја гледа замената за Тиаго Силва.