Барселона и Наполи веројатно ќе играат пред полни трибини на „Камп Ноу“ и покрај епидемијата на коронавирусот која владее низ светот.

„Спорт Медијасет“ посочува дека билетите се продаваат преку веб-страницата на Барселона, додека  билетите за навивачите на Наполи се пуштени во продажба уште во средата.

Италијанската влада објави дека сите натпревари кои се играат на италијанско тло ќе се играат зад затворени врати до 3 април, но тоа не се однесува на гостувањата.

Валенсија-Аталанта ќе играат пред празни трибини затоа што Бергамо и регионот Ломбардија се во центарот каде коронавирусот е најраспространет. Интер и Хетафе исто така ќе играат пред празни трибини.