Фабиан Руиз има две опции, да го продолжи догоговорот со Наполи или пак да прифати една од понудите кои ги има од Шпанија и од Англија.

Според медиумите од Пиринеите, креативецот на Наполи е трансфер цел на Реал Мадрид кој е решен да го добие репрезентативецот на Шпанија уште во јануари иако изгледно е дека евентуалниот трансфер би се случил во јуни 2020.

Де Лаурентис е подготвен да му ја зголеми платата и бонусите на Руиз, а во новиот договор да биде вметната откупна клаузула од 120 милиони евра.

Преговорите меѓу клубот во кој настапува Елиф Елмас и „кралевите“ нема да бидат најпријателски откако ова лето Реал Мадрид не му дозволи на Хамес да замине во Наполи и со ова ги промени плановите на Карло Анчелоти.