Наполи дефинитивно ќе го продаде Аркадиуш Милик ова лето и веќе бара негов наследник, го најде во Лил, во името на Виктор Осимен.

Нигериецот има 21 година, во Лил е од 2019 година, запиша 27 настапи и постигна 13 голови.

Ривал на Наполи во обидот да го донесе младиот напаѓач на Лил е Арсенал, но и цената не е мала, за Осимен клубот од Неапол треба да плати 55 милиони евра.

Доколку Наполи не успее во преговорите со Лил за Осимен, втора варијанта е Иранецот Сардар Асмоун од Зенит.

Проценка е дека Наполи за него ќе треба да плати 30 до 35 милиони евра.