Наполи се реши за непопуларен чекор кога реши привремено да го отпушти персоналот, кој работи во и околу клубот, поради кризата со Коронавирусот.

Вкупно 30 луѓе се на принуден одмор, Наполи сепак покрај оваа мерка за заштеда, се реши да донира храна за сиромашните семејства во Неапол, донираше 32 тони на илјада семејства.

Илјада пакети кои тежат по 32 килограми беа донирани на 1000 семејства во Неапол.

„Размислувавме како да им помогнеме на сиромашните во Неапол, се решивме на ваков чекор, сметаме дека со ова колку толку ќе им го олесниме животот на оние кои немаат финансиски средства во овие тешки времиња“ – потврди клубот.