Наполи на Елиф Елмас е во потрага по напаѓач  од екстра класа, преговара со неколку играчи, Хамес Родригес, Мауро Икарди но засега без успех.

Според „Daily Mail“ клубот од Неапол сега се врти кон Вилфред Заха, напаѓачот на Кристал Палас кој е проценет на речиси 70 милиони евра.

Наполи понудил 65 милиони според „Daily Mail“ кој се повикува на извори од клубот во Англија. Заха има 26 години и би можел да биде добро решение за Наполи и Анчелоти, во Кристал Палас е од  2014 година, запиша 163 настапи и постигна 32 гола.